Овен
Мај носи можности за дополнителен приход преку работа на краткорочни проекти или работа со скратено работно време.
Сепак, вашите трошоци овој месец може да се зголемат поради семејните обврски.
Затоа, направете план за трошење, а дури потоа почнете реално да ги распоредувате парите.
Бик
Финансиската стабилност се подобрува, и ова ќе биде особено изразено во втората половина од месецот.
Кај некои Бикови се можни бонуси или зголемување на платата.
Ова е добар период за инвестиции, но не правете ништо брзоплето и не влегувајте во непотребен ризик.
Близнаци
Во мај се можни ненадејни трошоци, особено поврзани со домот или превозот, што значително ќе влијае на вашиот буџет.
Доколку планирате поголемо вложување, или да купите некоја недвижнина, почекајте до крајот на месецот.
Овој мај бидете внимателни со кредитите и картичките, бидејќи многу лесно можат да трошите пари кои реално ги немате, и да се најдете во долгови.
Рак
Раковите месецов може да очекуваат значителна промена на подобро бидејќи некоја инвестиција или труд од минатото конечно ќе вродат со плод.
Парите во мај ќе ви дојдат преку некоја хонорарна соработка или семеен бизнис.
Финансиската стабилност се враќа, но внимавајте да не трошите импулсивно откако ќе сфатите дека сте заштедиле пари.
Лав
Лавовите се под притисок овој месец, особено кога станува збор за парите.
Некои претставници на овој знак е можно да имаат проблеми со наплатата на долгови, доцнење на платите или непланирани трошоци.
Ова е знак дека можете да западнете во тешка финансиска криза во текот на месецот, па затоа е најдобро да избегнувате ризични инвестиции.
Девица
Работите на финансиски план се подобруваат, иако тоа месецов ќе оди бавно.
Девиците кои бараат работа или дополнителни извори на приход во мај може да имаат среќа.
Организирајте ги финансиите и распоредете го буџетот, а до крајот на месецот ќе сфатите дека дури и сте успеале да заштедите.
Вага
Вагите конечно ќе имаат можност да ги подмират своите долгови и да влезат во стабилна финансиска фаза.
Без разлика дали некој ќе ви даде финансиска помош, дали ќе најдете дополнителна работа или наследство – парите доаѓаат.
Најважно е да не правите непотребни трошоци откако ќе сфатите дека финансиската ситуација е стабилна.
Скорпија
Вашите приходи во мај ќе се зголемат, но со тоа се зголемуваат и очекувањата на членовите на семејството дека мора да им помогнете.
Внимавајте што ветувате и колку пари давате – не е ваше да преземате на себе обврска да ги подмирите долговите на други луѓе.
Наместо тоа, инвестирајте во сопственото знаење и во личен развој, кои можат да ви донесат финансиски придобивки подоцна.
Стрелец
Доколку овој месец ја смените работната позиција, тоа директно ќе влијае на вашите приходи.
Ако имате сопствен бизнис, бидете внимателни со документацијата и не ги пробивајте роковите.
Ова не е месец во кој треба да правите големи трошоци.
Јарец
Финансиите во мај се стабилни, но сепак не се чувствувате доволно сигурни и имате желба и потреба да заработите повеќе.
Јарците кои штедат можат да издвојат пари за планираните инвестиции во втората половина од месецот.
Важно е да го избегнете импулсивното купување, особено ако посакате да купите автомобил, стан и слично.
Водолија
Мак за вас ќе биде многу нестабилен месец кога станува збор за финансиите.
Можни се неочекувани трошоци, особено поврзани со технологија, возила или домување.
Затоа е потребно да бидете многу внимателни и да се грижите во однос на договорите што ги потпишувате – една грешка може да ве чини многу.
Риби
Мај ви носи можност за заработка, особено ако сте вклучени во некои креативни проекти.
Рибите кои работат во уметност, во сферата поврзана со пишување, дизајн или образование, може да имаат поволен финансиски период.
Важно е само да не се задолжувате во банка поради тоа што имате некаква „инспирација“ и верувате дека парите ќе ви се вратат веднаш.
