„Имате рок до крајот на денот“: Европа со ултиматум до Русија

Европските земји се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија доколку Москва не почне да го почитува предложеното 30 дневно примирје во војната против Украина до крајот на денешниот ден, објави денес германската влада.

Портпаролот на германската влада на прес-конференција во Берлин изјави дека „часовникот отчукува“ за Русија и дека е време да се покаже сериозност во врска со мирот.

Заканата со санкции доаѓа во време на интензивирање на дипломатскиот притисок од Брисел, Берлин и Париз, а се очекува дека меѓу мерките би можело да биде и прекинувањето на гасоводот „Северен тек 2“, што го објави претходно денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Сепак, од Москва брзо дојде остар одговор. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „јазикот на ултиматумот е неприфатлив за Русија“ и дека „не е можно да се разговара со Русија на тој начин“.

Песков потсети дека ова е второ предупредување од Европа за само неколку дена, нарекувајќи го тонот на пораката „ултимативен и недипломатски“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде