Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело полов напад.
„Кривична пријава е поднесена против М.Ф. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад.
На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52 – годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба врз неа“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, полициски службеници од ОВР Дебар веднаш го пронашле и го уапсиле,
по што судија на претходна постапка при Основниот суд во Дебар му одреди мерка притвор од осум дена.
