Во вторник во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.
Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме.
Утринските температури се движат од 3 до 10, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 12 и 23 Целзиусови степени соодветно.
Денеска и во Скопје и скопската котлина ќе биде променливо облачно со повремен дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со највисока температура до 23 степени.
