Обвинителството бара Бектеши да излезе од затворскиот притвор

Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“,

Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор.

По предлозите на Обвинителството ќе одлучува судот.

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на основното јавно обвинителство Кочани привршува со распити на сведоци – очевидци на настанот.

Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика.

Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди, соопштуваат од Обвинителството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде