За време на посетата на Зеленски Турција ја погоди земјотрес.
Според податоците објавени на веб-страницата ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција, со епицентар во близина на Кулу.
Земјотресот бил почувствуван и во Анкара, на речиси 100 километри од епицентарот.
Во тој период во главниот град на Турција престојуваше украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Тресењето беше силно, траеше околу 30 секунди“, „Беше многу лошо“; „Се тресеа чиниите“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
