Новинарот Огнен Јанески со важна информација за сите кои вечерва патуваат

Фејсбук пост на новинарот Огнен Јанески:

ВНИМАНИЕ за сите што патуваат кон Прилеп-Битола, а особено Битола-Охрид!

Поради обилните врнежи, состојбата на патиштата е посериозно отежната, особено на потегот од Ресен кон Охрид, а во Ресен полно е со вода по улиците.

Патот е полн со предизвици: наслаги од кал, песок, големи количини вода што се слеваат по коловозот, а на неколку места и помали одрони. Видливоста е просечна, а ризикот од лизгање – реален. Уште повеќе што дел од шоферите со помоќни возила се безобѕирни.

Возете внимателно, без брзање. Ако не мора – одложете го патувањето. Ако мора – бидете присебни и одговорни.

Поделете ја оваа информација до пријатели и семејство кои се на пат. Безбедноста е на прво место.

P.S. И Плетвар не е ништо поарен, но, барем асфалтот е подобар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде