Обединетото Кралство беше со нас уште во најраните и најтешки денови на нашата независнот.
Беше меѓу првите држави што не препознаа, ни подадоа рака и нинвестираа во нашата стабилност и институционален развој, градејќи ја нашата стабилност ја имавме нивната целосна поддршка, изјави премиерот Христијан Мицкоскси на заедничката прес конференција со амбасадорот на Велика Британија Метју Лосон.
Следува инвестициски циклус од 5 милијарди фунти – ќе се инвестира во инфраструктурата, здравството, образованието, појасни денеска премиерот Мицкоски.
-Овие денови ова силно партнерство е логично продолжение на тоа заедништво на доверба и почит и заедничка визија. Воедно. зошто договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е важен за македонските граѓани?
Тој ќе биде основата и фундаментот на еден инвестициски циклус кој што ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарди евра. Дел од овие пари ќе бидат упоребени во инфраструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија.
Инвестиции во здраството и нови болници. Завршување на проектот на Клиничката болница во Штип заедно со зградата на новиот медицински факултет, студенски дом. Изградба на болницата во Кичево заедно со здраствен дом, реконструкција на Клиничката болница во Тетово и т.н појасни премиерот Мицкоски
