Времето во Македонија наутро ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 20 до 28 Целзиусови степени.
