Сиљановска-Давкова има кандидат за гувернер

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, потврди дека има свој кандидат за нов гувернер на Народната банка, но одлучи засега да не го открива името.

-Не го кажувам името прво пред новинари, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате.

Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш, рече денеска шефицата на државата.

Иако официјалното име ќе биде објавено во среда, досега во јавноста се споменуваат три можни кандидати:

актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Сиљановска-Давкова додаде дека покрај гувернерот, значајна улога ќе има и изборот на заменик-гувернерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде