Тешко повреден е 18-годишен мотоциклист од Скопје при судир со патничко возило.
– На 19.05.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од булевар „Македонско – косовска бригада“, булевар „Словенија“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје
се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ќ.(29) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(18) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, известија од полицијат.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
