Први видеа од силниот земјотрес кој го погоди грчкиот остров Крит

Земјотресот се случил на длабочина од 68,9 километри, со епицентар лоциран на околу 58 километри североисточно од малиот град Елунда.

Локалните жителите за грчките медиуми изјевиле дека земјотресот траел невообичаено долго. Сепак, перцепираното времетраење на земјотресите не е нешто што официјално го бележат агенциите за следење, пренесе ДПА.

Според грчкиот весник „Прото Тема“, земјотресот силно се почувствувал и на Пелопонез, Кикладите, дури и до Кипар.

Танасис Ганас, шеф на одделот за истражување во Геодинамичкиот институт во Атина рече дека не очекува речиси никакви последователни потреси.

Како мерка на претпазливост, грчката управа за справување со катастрофи издаде предупредување за цунами, испраќајќи СМС пораки до луѓето во погодениот регион. Сепак, цунами не е регистриран.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде