УЖАС: Прегазено 13-годишно девојче, возачот избегал

Тринаесетгодишно девојче вчера било удрено со автомобил во скопско Батинци, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, вчера околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и село Батинци, скопско,

патничко возило удрило во малолетничка од село Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде