Се рушат рекорди во пијанство на македонските патишта, погледнете колку промили дувнал момче од Кавадарци

Денес во 04.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полицијата од Кавадарци го лишиле од слобода 35-годишниот А.М. од село Глишиќ, кавадаречко.

„При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки,

кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта“, информираат од полицијата.

А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде