Земјотрес утрово на Балканот, почувствуван во повеќе држави

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на јужна Хрватска во

близина на Дубровник во текот на ноќта, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во 00:52 часот на длабочина од 1 километар, 73 км западно од Подгорица и 20 км од Требиње.

Потоа, следеа два послаби земјотреси со јачина од 1,5 и 1,6 степени според Рихтеровата скала во областа на Риека, според EMSC.

Не се пријавени штети од овие земјотреси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде