Тажната вест ја објави СДСМ Крива Паланка.
Со длабока тага се простуваме од нашиот драг партиски другар, долгогодишен просветен работник и директор на ООУ,, Св. Јоаким Крчовски” Дане Петровски.
Тој, зад себе остави трага на посветеност, човечност и визија – како успешен директор, но пред сè како човек со големо срце и принципи.
Ќе го паметиме по неговата борбеност, мудрост и искрена љубов кон образованието и напредокот на нашата заедница.
Почивај во мир, другар Дане.
ОО СДСМ – Крива Паланка
