Дожд и силен ветер – УХМР ја објави најновата временска прогноза

Во поголем дел од земјава утрото ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде