Млад мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка на скопска улица. Се судрил со возило управувано од 76-годишник.
– На 25.05.2025 околу 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од Љ.К.(76) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.П.(26) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје
