Пет тинејџери се убиени, а четворица потешко повредени во напад со нож во сибирскиот Иркутски регион, соопшти локалниот оддел на Рускиот истражен комитет, пренесува агенцијата Тасс.
„Приватна куќа се запали во градот Бајкалск во Иркутската област. На местото на настанот беа пронајдени пет малолетни жртви“, соопштија истражителите.
Истрагата покажала дека група на млади лица се собрале во куќата каде прославувале роденден, и во еден момент еден од нив ги нападнал другите лица со нож.
Како резултат на тоа биле убиени четворица тинејџери, а потоа сторителот ја запалил куќата и тој загинал.
„Како резултат на ова ужасно злосторство, пет тинејџери беа убиени, вклучувајќи го и напаѓачот. Четворица беа хоспитализирани.
Тројца малолетници се во состојба на длабок шок. Едно лице е оперирано“, напиша на Телеграм комесарката за правата на децата во Иркутск, Татјана Афанасиева.
