„Ауди“ излета од патот, едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Малолетник со „ауди“ излета од пат во кумановско. 

– На 28.05.2025 околу 23.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Граничен премин Белановце-Куманово, атар на село Слупчане, општина Липково,

патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 17-годишник од село Отља, општина Липково, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово, известија од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде