Четиригодишно дете повредено во детска градинка – пренесено во болница

Четиригодишно дете е повредено во детска градинка во Радовиш.

– На 29.05.2025 во 11.00 часот во ОВР Радовиш, од Јавната здравствена установа Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Според пријавеното, со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка, соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде