Овие граѓани денес да си ги проверат сметките – предвреме им се исплатени парите

Халкбанк денеска изврши исплата на мајските пензии на сите пензионери кои добиваат пензии преку банката.

Фејсбук статус на ХАЛК БАНК:

Драги пензионери,

Пензиите за мај се веќе достапни – ДУРИ НЕКОЛКУ ДЕНА пред први!

Од денес (29.05.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut.

Утрешниот ден пред викенд, ви е на раполагање за да си ги завршите сите ваши финансиски обврски. 😊

Важни се луѓето!

Халкбанк АД Скопје

ФБ статус на Комерцијална банка:

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за мај од петок, 30.05.2025 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од 30.05.2025 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. ✅

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.05.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот. 🕛

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде