Во два одделни случаи, две малолетнички биле пријавени за исчезнати во Скопје.
Едната 15-годишна била пријавена за исчезната во полициската станица Чаир.
„На 29.05.2025 околу 23.30 часот во Полициската станица Чаир, А.П.(34) од Скопје пријави дека се оддалечила нејзината ќерка Ј.П.(15).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението на МВР.
Вчера во Петровец 22-годишна пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 17-годишна сестра.
„Вчера (30.05.2025) во Полициското одделение Петровец, М.А.(22) од с.Петровец, скопско пријави дека од домот се оддалечила нејзината сестра М.А.(17).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, велат од МВР.
