Вчера се случи сообраќајна несреќа кај селото Коларе на патниот правец Стража–Кичево, во која учествуваа четири патнички возила.
На местото на несреќата имаше од итната медицинска помош, како и полициски службеници кои вршат увид за утврдување на причините за судирот.
Портпарол на СВР Охрид, Стефан Димовски за ТВ21 истакна дека четири лица се со полесни повреди.
Според него, има голема материјална штета.
Сообраќајот на овој дел од патот беше времено отежнат.
