УХМР утрово со најнова прогноза: Еве какво време не очекува денеска и во следните денови

Времето денеска, сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на температурта на воздухот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде