Важна информација: Овој патен правец е затворен за сообраќај

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште, информираше општината Кисела Вода.

– Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич (улица Мариовска), кој тоне и на дел од конструкцијата се појавени пукнатини, тој е затворен за сообраќај, од безбедносни причини.

Ќе биде затворен до отстранување на проблемот.

Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење алтернативни патишта, сè до изнаоѓање на решение за надминување на оваа ситуација“, соопшти општина Кисела Вода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде