ГРЦИТЕ НАПРАВИЈА „ПУЗДЕР“,ГИ ОДРАА МАКЕДОНЦИТЕ: Погледнете колку чинат лежалките!

Се чини дека Грција и тамошните цени финансиски ги сотреа луѓето кои годинава заминаа таму на одмор.

Овој пат, во групите на социјалните мрежи се споделува искуство за прескапи лежалки.

„ Не знам како е на други места, но овде во Пефкохори се безобразни со цените на лежалките.

За четиричлено семејство бараат од 40 до 25 евра за лежалка, во зависност од тоа во кој ред седнуваш, дали е свртена кон море или не, а за мали деца ни наплаќаа пола цена и не добија лежалка.

Ако ја надминете таа сума во потрошувачката на храна и пијалоци, тогаш не ја плаќате лежалката.

Се надевам дека некому ќе му биде од корист. Инаку децата ни се по 4 и 6 години“, се вели во искуството споделено во групата Во живо од Грција на Фејсбук.

Извор: thenewsgo.co

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде