Утрово, оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) доби аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб.
Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција.
Во меѓувреме, еден тим од 6 спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пеш да пристапи во случај да нема можност за интервенција со хеликоптер.
За среќа, пред 30 минути беше полетан хеликотер на МВР, кој во содејство со припадници на Специјалната Антитерористичка Единица се на пат до местото на настанот, а тимот на ПСС се повлекува од терен, информираат од службата.
