Јордан Митев скршен од болка: Почивај во мир Надица. Сочувство до фамилијата…

Познатиот фолк-пејач сподели тажна објава

Еден од нашите најпознати фолк-пејачи, Јордан Митев, на својот профил на Фејсбук сподели тажна објава.

Имено, тој сподели фотографија на која има запалена свеќа и црна позадина и му изрази сочувство на еден негов пријател.

Како што самиот напиша во пораката, станува збор за неговиот школски цимер и другар на кого му починала сопругата, па тој со емотивни зборови изрази сочувство до ужаленото семејство.

„Денес, тагувам заедно со мојот школски цимер и другар Тони Василев, по кратко боледување неговата сакана замина во царството небесно.

Почивај во мир Надица. Сочувство до фамилијата…“, напиша Јордан во објавата што ја сподели на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде