„Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе“, вели Наталија во своето обраќање.
Сопругата на Андреј Ѓорѓиески, еден од фронтмените на ДНК кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ се огласи.
Наталија овој пат се обрати до јавноста преку Фејсбук, а нејзината порака може да ја прочитате целосно во продолжение.
Таа бара неселективна правда без калкулации и привилегирани, а доколку не биде спроведена истата, тогаш ќе зборуваат се погласно, но и ќе бараат одговорност и оставки од одговорните.
Таа оваа својата објава ја напиша како коментар на еден новинарски текст за протестот на родителите на настраданите во пожарот.
Наталија и претходно се огласи, и тоа еден ден по смртта на нејзиниот сопруг, кога бараше да не се шират невистини за случајот.
Таа тогаш напиша и дека пиротехниката не е донесена од страна на бендот, но воедно го критикуваше и нехуманото однесување кон неа и кон нејзиното малолетно дете од страна на службите.
