Крвава пресметка вечерва во Скопје – тројца повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Тројца повредени, меѓу кои и 14-годишно дете, е билансот на жестока пресметка со ножеви која се случила вечерва (17 јуни) во скопската населба Чаир.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 19:48 часот во СВР Скопје било пријавено

дека на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање, дошло до физичка пресметка.

Во конфликтот учествувале 14-годишно момче и две лица на возраст од 64 и 18 години – сите од Скопје. .

Десетина минути пред 20 часот било пријавено дека на крстосница меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, „по претходно недоразбирање“, физички се пресметале 14-годишник и С.Р.(64) и Б.С.(18), сите од Скопје. Во пресметката тие употребиле ножеви и сите тројца се повредени, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде