Тешка несреќа: Се судрија „бмв“ и „фиат“ – има повредени
На 15.06.2025 околу 21.45 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионален пат Демир Хисар–с.Прибилци, демирхисарско, атар на с.Прибилци,
се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(67) од с.Бараково, демирхисарко и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И.(38) од с.Бараково, сопатник во возилото „бмв“, додека возачот Љ.И. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.
