Се судрија „матиз“ и „пежо“ – има повредени

На 17.06.2025 во 08.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, 

управувано од И.Н.(62) од Прилеп и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.В.(51) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Н., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде