Денеска (18.06.2025) во 00.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Минчев“ со бул.„Македонија“ во Кавадарци се
случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(31) од Кавадарци и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.И.(29) од с.Дреново, кавадаречко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
