Тензично денеска на 62. седница на Советот на Општина Кочани, вербалните препукувања меѓу дел од советниците завршија со обиди за физички пресметки.
Ситуацијата доби кулминација кога советникот Аки Акиов со пластично шише полно вода удри правно лице, вработена во Локалната самоуправа.
За инцидентот во Кочани меѓу советниците на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ реагираше и полицијата. Точката на дневен ред беше за дивоградбите, селективноста при рушењето и трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“.
Најпрво, додека советникот Аки Акиов беше на говорница кон него се упатија навредливи зборови, на што тој возврати, но и продолжи со обиди за физичка пресметка.
Присустен во салата беше и в.д. градоначалникот Венко Крстевски кој се обиде да го спречи инцидентот, но на крај повредена беше вработена во Локалната самоуправа.
По инцидентот со прес излезе и Крстевски.
„Денеска имаме опструкции во советот. Повтроно не се гласа за меѓуопштинска соработка, навреди, обиди за физички пресметки, нешто што е недозволиво. Јас како градоначалник тоа нема да го дозволам.“ – вели Крстевски.
