„Од многуте удари започнала да крвари и да губи свест“: 52-годишен маж ја претепал својата сопруга

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста.

Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга.

Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба.

Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата.

„Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош“, соопшти Обвинителството.

Се бара протвор за осомничениот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде