Апокалиптични сцени од Хрватска: Пожарот проголта 12 куќи (ВИДЕО)

Пожарникарите објавија драматично видео од голем пожар што го опустоши подрачјето на Марушиќ и Мимиќ во Сплитско-далматинската жупанија.

Изгореа најмалку 12 куќи.

Пожарот што избувна утрово во подрачјето на Писак и Марушиќ предизвика значителна штета.

„Беше тешко во Марушиќ, Мимице и Писак, но ги одбранивме станбените згради во добар дел и сега е многу подобро. Има изгорени куќи.

На крајот ќе ја видиме штетата што е направена. Истото важи и за Уљара, засега не можеме ништо да кажеме“, изјави за медиумите главниот началник на противпожарната служба – Иван Ковачевиќ.

Наводно, насадите со маслинки целосно изгореле, и се чини дека не станува збор за несреќа, туку за палење.

Видеото погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде