Кон Македонија се приближува афрички бран – погледнете колку ќе се искачат температурите

Кон Македонија се приближува афрички бран – погледнете колку ќе се искачат температурите

Под влијание на топол бран од Африка со умерен до засилен интензитет, во периодот од утре до петок во целата ќе имаме многу сушен и топол период со многу високи температури на воздухот, како и многу сонце.

Температурите насекаде ќе се искачуваат над 30-35 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат  и до околу 40 степени.

За време на погоре споменатиот период во Скопскиот регион температурата ќе се искачува до околу 38-39 степени.

За време на овој умерен до засилен топол бран од Африка, УВ ИНДЕКСОТ кај нас ќе има многу висока до екстремно висока вредност  и ќе изнесува 9.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде