На 21-ви јуни 2025 година, во 12:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од кеј „Македонија“ и плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, 35-годишник од Охрид,
управувајќи мотоцикл марка „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
