Страотна несреќа, две лица со тешки повреди пренесени во болница

Вчера (22.06.2025) во 11.45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран-Нов Дојран, мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки,

управуван од С.Т.(43) од с.Негорци, гевгелиско, удрил во 60-годишната Ј.Н.Ј. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Н.Ј. и мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде