АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН: Погледнете до колку ќе се искачат температурите во Македонија

Метео прогноза на Славчо Попоски

Топлиот бран од Африка во нашата Република Македонија засилува на интензитет, и со најголем интензитет ќе биде од утре (среда до петок 25/27 јуни).

Во овие денови температурите ќе бидат највисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 39/40 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Времето во овие денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде