Земјотрес утрово стресе делови од Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
утринава во 05:04 часот регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од Република Албанија, на околу 158 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,
информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
