Возило излета од патот, две девојки итно пренесени во болница

Возило излета од патот, две девојки итно пренесени во болница

На 23.06.2025 во 11:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино,

патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде