Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија!
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Европската сеизмичка скала ја потресе вечерва Албанија.
Земјотресот бил со епицентар на 13 километри од Тирана, на длабочина од 5 километри.
Со послаб интензитет бил почувствуван во западниот дел на Македонија и во јужниот дел на Црна Гора.
Засега не се пријавени материјални штети.
