Со возило „голф“ усмрти жена – возачот бил без возачка дозвола

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од с.Лескоец, охридско,

поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

На 19.06.2025, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, од кои едниот починал.

На двајцата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде