Македонец на возраст од 19 години вчера попладне почина по давење во морето на плажата Ханиоти, на првиот крак на Халкидики.
Момчето, кое според информациите е од Тетово, од водата било извлечено во бессознание и итно пренесено во здравствената установа во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.
Информацијата за трагедијата ја сподели Крајбрежната служба на Грција.
-Прелиминарна истрага спроведува 2-та пристанишна управа на Неа Мудања при Централната пристанишна управа на Солун, додека телото треба да биде префрлено во Судско-медицинската служба на Солун за обдукција,- -Крајбрежна служба на Грција.
Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека македонскиот конзулат во Солун ја добил информацијата дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин.
-Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото. –МНР.
Грчкиот волонтер спасувач Јоанис Колокитас кој само неколку минути по несреќата пристигнал на плажата, на социјалните мрежи изрази жалење за смртта на 19-годишникот кој според него доживеал срцев удар по давење во морето. Објасни дека спасувачката која била на плажата со помош на други капачи го извлекле момчето од морето и веднаш започнала со пропишаниот процес на реанимација со истовремена употреба на автоматски дефибрилатор. Екипата на брзата помош возеше брзо и внимателно, лекарите ја констатираа смртта на детето, напиша спасувачот Колокитас.
Особено треба да се внимава на температурните разлики, препорачува спасувачот од Црвен Крст, Арѓент Чиљафи. За Канал 5 тој објаснува дека доста често не го слушаме своето тело при влез вода особено во летниот период кога температурите се високи што предизвикува шок кај организмот.
-Преминот од топло во било каква водна површина може да направи шок на организмот, така секогаш препорачуваме влезот во самата водна површина да биде постепен, односно да нема скокање. Често знаеме да комбинираме и алкохол и ладна вода, знаеме преходно да бидеме долго време изложени на сонце во комбинација со обилна храна, да не направиме мала пауза и веднаш да влеземе во водна површина,- Арѓенд Чиљафи – Црвен крст.
Инаку во водите на Егејското море на Халкидики и во 2022 година еден македонски државјанин исчезна откако тројца другари на плажата во Посиди влегле во морето оддалечувајќи се од брегот но ги завлекле силните морски струи. Двајца од нив беа спасени истиот и следниот ден
