Се случи она од што најмногу се стравуваше: Лицето по кое се трагаше е пронајдено мртво

Потрагата по 52-годишниот прилепчанец Коле Петрески, за жал заврши со трагичен исход.

Лицето попладнево е пронајден починат, информираат неговите блиски на социјалните мрежи.

Потрагата по Петрески започна денеска, откако последен пат бил виден вчера утрото околу 08:00 часот.

Засега нема информации кои се причините за смртта.

Извор: Маркукуле.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде