Драматични сцени од Делчево: Доцна синоќа се запали стан во зграда

Нема повредени по пожарот во стан на улица Булевар Македонија во Делчево, пренесува Делчево 365.

Пожарот што избувна ноќеска околу 00:20 часот зафати еден стан во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево.

Во настанот нема повредени лица, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед.

На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата.

Според информации од ТППЕ Делчево за Делчево 365, пожарот бил целосно изгаснат во 01:30 часот по полноќ.

Од надлежните институции се најавени дополнителни информации за случајот во текот на денот.

Извор: Делчево 365

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде