„Голф“ излета од патот – четири лица, меѓу кои една малилетничка пренесени во болница

Четири лица меѓу кои и малолетничка, се повредени во сооибраќајка во Велес.

Несреќата била пријавена околу 23 часот во СВР Велес.

На улицата „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б. (21) од Велес, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а телесни повреди добиле тројца сопатници: А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес.

Повредите биле констатирани во Општата болница Велес, а увид извршила екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде