Убава вест: Уште една банка предвреме ги исплати пензиите на пензионерите

НЛБ Банка Скопје известува дека пензиите се исплатени и средствата може  да се користат уште веднаш.

„Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати,

поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка, од понеделник 30.6.2025“, известија од банката.

Да потсетиме, денеска и ХалкБанка ги исплати пензиите.

Халкбанк АД Скопје денес повторно донесе радост и олеснување за своите пензионери, исплаќајќи ги пензиите предвреме – како што тоа го прави со години наназад.

Во време кога секој ден е важен, особено за највозрасните сограѓани, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност на грижата, сигурноста и стабилноста што ја нуди на клиентите.

Предвремената исплата на пензиите не е само финансиска услуга – тоа е гест на внимание, почит и грижа што банката ја покажува кон своите највозрасни сограѓани.

Халкбанк е една од ретките банки во земјава што со континуитет ја практикува оваа услуга, ставајќи ги потребите на клиентите на прво место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде